Македонија

Климатските промени ја зголемуваат опасноста од суша во Македонија

17.06.2026 17:26

Подолгите сушни периоди, намалените врнежи и високите летни температури ја прават Македонија сè поранлива на суша и опустинување. Експертите предупредуваат дека се неопходни поголеми инвестиции во мерки за адаптација на климатските промени.

Сè подолгите сушни периоди, намалените врнежи и високите температури за време на летото, ја зголемуваат опасноста од суша и опустинување. Од Центарот за климатски промени посочуваат дека земјите од медитеранот, вклучително и Македонија сè подолго се изложени на подолги сушни периоди. Експертите велат-климатските промени не можат да се запрат, потребно е да се приспособиме и адаптираме на нив.

Според спроведените национални анализи-значителен дел од североисточниот, скопскиот, вардарскиот, пелагонискиот и југоисточниот регион се оценети како најранливи на сушата. Сушењето на земјиштето и губењето на плодни површини, најмногу го погодуваат земјоделството, водните ресурси и животот на луѓето во погодените подрачја. Се намалуваат и обработливите и просекот на производство.

Од Центарот за климатски промени по повод Светскиот ден за борба против сушата и опустинување-ја потенцираат потребата од зголемување на финансиските средства за реализација на мерките за адаптација.

Според синоптичарите, во претстојниот летен период температурите ќе го надминат просекот на глобално ниво.

Александра Максимовска