Европратениците со поддршка за извештајот за Македонија, не помина амандманот на Вајц
Извештајот за напредокот на Македонија доби силна поддршка во Европскиот парламент, но европратениците не го прифатија амандманот со кој се бараше историските прашања да се темелат на објективни и проверени извори.

Со 411 гласа „за“ и 120 „против“, Европскиот парламент го усвои извештајот на известителот Томас Вајц за напредокот на Македонија на патот кон Европската унија. Сепак, не помина неговиот амандман со кој се бараше бришење на ставот 73 кој повикува Мешовитата историска комисија да постигне конкретни резултати, во согласност со вториот протокол од Договорот за добрососедство. Амандманот на Вајц предвидуваше работата на Комисијата да се темели на објективни, автентични и докажани историски извори и документи.
Во расправата за извештајот, европратеникот Вајц потенцира дека Македонија има постигнато резултати во реформската агенда, и ЕУ тоа треба да го вреднува.
Еврокомесарката за проширување Кос децидна-онаа држава што ќе спроведе повеќе реформи, побрзо ќе напредува кон ЕУ.
Неколку часа пред гласањето за Извештајот за напредокот на Македонија сите 17 бугарски европратеници испратија заедничко писмо до своите колеги во Европскиот парламент со осуда за палењето на дипломатските возила на бугарската амбасада во Скопје.
Анита Димитријевска – Велковска
