Мисајловски на состанок на Северноатлантскиот совет
Министерот Мисајловски освен на главната сесија на Северноатлантскиот совет, ќе учествува и на состанокот на Групата за нуклеарно планирање, како и Контакт-групата за Украина...

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска во седиштето на Алијансата во Брисел, ќе учествува на серија состаноци на Северноатлантскиот совет, каде ќе стане збор за процесот на зацврстување на колективната одбрана преку континуирано инвестирање во одбраната, развојот на вооружените сили и одбранбената индустрија, распределбата на одговорности во командните структури на НАТО, како и за претстојниот Самит на НАТО во Анкара.
Министерот Мисајловски освен на главната сесија на Северноатлантскиот совет, ќе учествува и на состанокот на Групата за нуклеарно планирање, како и Контакт-групата за Украина, соопштуваат од Министерството за одбрана.
