Образование

МОН со проект „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“

18.06.2026 08:43

Проектот има за цел да развие системски и одржлив механизам за рано препознавање, превенција и соодветно постапување при семејно насилство врз деца, преку поврзување на образовниот систем, институциите и семејствата во заедничка мрежа за заштита и поддршка...

Денеска во Владата ќе се одржи прес-конференција на која ќе биде претставен нов национален проект „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“.

Проектот има за цел да развие системски и одржлив механизам за рано препознавање, превенција и соодветно постапување при семејно насилство врз деца, преку поврзување на образовниот систем, институциите и семејствата во заедничка мрежа за заштита и поддршка.

Координатор на проектот е Министерството за образование и наука, а во имплементацијата ќе учествуваат и Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, центрите за социјална работа, здравствени и стручни служби, училиштата, Комората на психолози и други релевантни чинители.

На прес конференцијата ќе се обратат министрите за образование и наука – проф. д-р Весна Јаневска, за социјална политика, демографија и млади – Фатмир Лимани и за внатрешни работи – Панче Тошковски, како и Емилија Бошковска, претставник на Комората на психолози на Македонија.