Утре и задутре разговори за владина реконструкција
На заедничка маса со премиерот Мицкоски ќе седнат Меџити од ВРЕДИ и Димитриевски од ЗНАМ...

Според најавата на премиерот Мицкоски, утре и задутре директни разговори меѓу коалициските партнери за најавената владина реконструкција. На заедничка маса со премиерот Мицкоски ќе седнат Меџити од ВРЕДИ и Димитриевски од ЗНАМ. Шефот на Владата ќе ја слушне визијата, за да се види дали таа се поклопува и со останатите коалициски партнери, па во зависност од тоа, понатаму може да се дискутира за кадровските структури, велат од „Илинденска“. Од ВРЕДИ и од ЗНАМ очекуваат да ги задржат сегашните ресори, иако не се исклучува да има ротации.
Извесно е само дека ќе има нов министер во ресорот за добро владеење, по оставката на Арбен Фетаи. Неизвесно е и дали ќе има помала или поголема реконструкција. Премиерот вели дека не е важен обемот, туку структурата.
Се очекува реконструкцијата да финишира до крајот на месецов, што се поклопува со две години од мандатот на владата, предводена од Мицкоски.
