Николоски на Самит за инвестиции во транспортот во Солун
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе учествува на Самитот за инвестиции во транспортот во Солун, каде ќе ги претстави инфраструктурните проекти на коридорите 8 и 10 и ќе ја нагласи важноста од регионалното поврзување.

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска учествува на Самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“ во Солун.
Николоски ќе говори на панел посветен на проширувањето на европската транспортна мрежа TEN-T во Западен Балкан, каде ќе ги презентира тековните и идните проекти на коридорите 8 и 10. На самитот ќе се разговара и за инвестициите во транспортната инфраструктура, регионалното поврзување и Планот за раст за Западен Балкан.
На маргините на настанот, Николоски ќе оствари билатерални средби со министри од регионот и претставници на меѓународни финансиски институции. Самитот е организиран од грчкото Министерство за инфраструктура и транспорт, Транспортната заедница, ЕБОР и Европската инвестициска банка.
