Политика

Мицкоски: Идејата Македонија е посилна од кога било

18.06.2026 13:52

На свеченоста по повод 36 години ВМРО-ДПМНЕ, премиерот порача дека државните и националните интереси остануваат врвен приоритет, најавувајќи продолжување на реформите и нова енергија во Владата.

Идејата не само што опстана туку е посилна од кога и да е, таа идеја е Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд, истакна премиерот Христијан Мицкоски на прославата на 36-тиот роденден на владејачката партија.

Од Струмица, македонскиот премиер со порака, мора да ги исправиме предавството и капитулацијата потпишани од претходната, досега најкорумпирана влада, а со нашиот македонски идентитет нема пазарење.

Мицкоски се осврна и на како што рече, големиот број на проекти реализирани за време на двегодишното владеење, но ја реафирмираше и најавата за реконструкција на владата, со пораката дека секој оној што не сака да работи, ќе мора да си замине од функцијата.

ВМРО-ДПМНЕ не е само дел од македонската историја, туку и сила што треба да ја води Македонија напред, истакна премиерот.

Марија Котовска