Се подготвува Закон за дата-центри
Ќе поскапи ли струјата поради новите обврски од европската агенда? Од Министерството за енергетика уверуваат дека граѓаните нема да плаќаат повисоки сметки иако дел од енергијата ќе се набавува на берза. Според надлежните, падот на берзанските цени и растот на производството од обновливи извори треба да обезбедат стабилност на пазарот. Паралелно, се подготвува и закон за дата-центри, а државата веќе го заштити и македонскиот рубин како производ со географско потекло...

Исполнет е условот од Европската агенда со кој 70 проценти од енергијата ќе биде доставувана на снабдувачот, а остатокот на берза, појаснија од Министерството за енергетика. Оценуваат дека со ова нема да се зголемат цените на енергијата што ја плаќаат граѓаните, оти цената на светските берзи паѓа, а Македонија има над 58 проценти енергија од одржливи извори.
Се подготвува и Закон за дата-центри за одредување на услови, простор, енергетски извор и вода за ладење за нивно функционирање.
Од Министерството информираат дека успешно е заштитен македонскиот рубин како географско потекло од прилепско, а се размислува и за заштита на одредени видови мермер од Македонија.
Ирина Гелевска
