Три децении пријателство меѓу Македонија и Израел
По повод 30 години дипломатски односи, со концерт и пораки за заедништво и соработка, одбележување на јубилеите што ги поврзуваат двете земји.

Два мали народи, но со богата култура и традиција веќе три децении одржуваат пријателски односи. Израел и Македонија успешно се справуваат со предизвиците кои им ги наметнуваат современите состојби во светот секоја на свој начин.
Во име на долгата соработка на денот на независноста на Израел, еден пријателски перформанс од женски гласови и машка гитара ги слават јубилеите со прекрасните звуци, одлични сопрани и еден мелодичен алт.
„Во чест на долгогодишното пријателство меѓу Македонија и Израел преку зборот на музиката онаа македонската и балканската музика да раскажеме на универзален јазик за него. Тоа е не само мој сон туку начин за комуникација што не прави среќни“, изјави Кармел Ронон.
А преку говорот на дипломатијата, јубилеите имаат историско силно значење, вели амбасадорката на Израел во земјава.
„Се надевам дека преку мелодиите на Алма ќе пренесеме порака за продлабочување на соработката на културно поле и дека ќе останеме на курсот на пријателски дипломатски односи меѓу нашите земји“, вели израелската амбасадорка, Виви Аисен.
Нашите соговорници велат во репертоарот се и „Јовано Јованке“ и „Што ми е мило ем драго“ изведени на својствен начин како почит кон македонските граѓани.
Фиљана Кока
