Србија

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на Коста Кецмановиќ

18.06.2026 12:54

На повтореното судење, Владимир Кецмановиќ доби 14 и пол години, а Миљана Кецмановиќ две години и 11 месеци затвор.

Вкупно 17,5 години затвор определи Вишиот суд во Белград за родителите на тинејџерот Коста Кецмановиќ, кој го изврши масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, на 3-ти мај 2023.

На повтореното судење, Владимир Кецмановиќ доби 14 и пол години, а Миљана Кецмановиќ две години и 11 месеци затвор.

Владимир беше обвинет за тешко дело против општата безбедност и за запуштање и занемарување на малолетниот син, додека Миљана во повторената постапка се товареше само за запуштање и занемарување на синот.

Родителите на Коста Кецмановиќ добија идентични затворски казни и на првото судење, кое заврши во декември 2024.

Во нападот, 13-годишниот Коста Кецмановиќ уби деветмина ученици и еден вработен во училиштето, по што ѝ се предаде на полицијата.