Оптимизација во образованието: СДСМ бара одговори, Јаневска уверува дека нема отпуштања
Пратеничката Даниела Николова ја обвини Владата за нетранспарентност во процесот на оптимизација на училиштата, додека министерката Весна Јаневска тврди дека станува збор за прераспределување, а не за отпуштање на наставници.

Носите одлуки во министерството зад затворени врати, со шестдневна анализа по општините сакате да решите проблем, од кој зависат децата. Не импровизирајте. Изработивте ли анализа за последиците од оптимизацијата и како ќе се процени технолошкиот вишок, има сериозен сомнеж за селективен пристап. Какви распределувања подготвувате-овие прашања пратеничката од СДСМ, Даниела Николова ги упати до министерката Јаневска.
Да не се полнеше образованието така како што се полнеше изминатите многу години, и да не се вдомуваа луѓе со лажна надеж, немаше да бидеме во оваа ситуација. Не станува збор за отпуштање на наставници, уверува министерката, туку за прераспределување. Посочи дека се прават и обуки на терен, како и координација со општините.
Министерката Јаневска рече дека досега 147 училишта сами се затвориле без оптимизација, затоа што во нив немало запишано ниедно дете.
Наташа Гркова-Петрушевска
