Правда

Се финализираат измените и дополнувањата на Изборниот законик

18.06.2026 19:12

Во текот на досегашната работа, Работната група разгледа и усогласи низа клучни прашања, вклучително и препораките на ОБСЕ/ОДИХР, како и предлозите доставени од државните институции и политичките партии. Дел од решенијата беа усогласени со консензус, додека за одредени прашања се водеше интензивна и конструктивна дебата.

Денес се одржа деветтата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство, на која продолжи разгледувањето на предлог-измените и дополнувањата на Изборниот законик, информираат од Министерството за правда.

Во текот на досегашната работа, Работната група разгледа и усогласи низа клучни прашања, вклучително и препораките на ОБСЕ/ОДИХР, како и предлозите доставени од државните институции и политичките партии. Дел од решенијата беа усогласени со консензус, додека за одредени прашања се водеше интензивна и конструктивна дебата.

По комплетирањето на процесот и финализирањето на предлог-решенијата, измените и дополнувањата на Изборниот законик ќе бидат доставени за понатамошна постапка.

Работната група и натаму останува посветена на обезбедување инклузивен и транспарентен процес, во насока на унапредување на изборната рамка согласно демократските стандарди и меѓународните препораки- стои во соопштението.