Партии

Филипче: Власта да не бара изговори за блокада на евроинтеграциите

18.06.2026 17:29

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека Македонија има јасна преговарачка рамка со ЕУ и дека почитувањето на малцинските права, вклучително и внесувањето на Бугарите во Уставот, е неопходен чекор. Тој оцени дека власта не треба да ги користи правата на Македонците во Бугарија како оправдување за застој на европскиот пат на државата.

Власта не треба да ги користи интересите и правата на Македонците во Бугарија како изговор зашто земјава треба да биде блокирана на патот кон евроинтегративните процеси, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Вели-имаме чиста преговарачка рамка, треба да се почитуваат малцинските права, затоа Бугарите треба да влезат во Уставот.

Лидерот на опозицијата посочи дека како опозиција нема да му бидат алиби на премиерот Мицкоски за предвремени избори. Смета дека избори ќе има кога ќе снема пари во државната каса.

Според Филипче, владата води погубна економска политика од која страда стандардот на граѓаните.

Игор Панов