Собрание

Во законодавниот дом пратенички прашања на опозицијата

18.06.2026 17:37

Во законодавниот дом пратенички прашања на опозицијата. Стартуваа со оптимизацијата во образованието. Критики за прераспределбите за вработувањата во училиштата упати пратеничката од СДСМ Николова, порачувајќи и на министерката да се спроведат вистински реформи, а не импровизација. Јаневска одговори-да се почнеа од пред неколку години досега ќе беа целосно спроведени и образованието ќе имаше поголем квалитет. Испуштање од работа ќе нема, само прераспределување, тврди таа.

Критики до министрите кои не се појавија на седницата на пратеничките прашања кои ги поставува опозицијата. Од Левица велат дека според Деловник, нема санкции, па ќе предложат измени во Кривичниот законик за неодговарање по собраниска покана.

Пратеникот Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека не е дозволиво да се троши двочасовното време за пратенички прашања на барање паузи.

Пратеникот Мециновиќ праша дали Министерството за транспорт има план за домување, посочувајќи дека во државата имало 300 илјади празни станови, а младите се повеќе се под кирија или се задолжуваат со кредити, па најчесто излезот го бараат надвор од земјата.

Пратеничката од СДСМ, Даниела Николова говорејќи за реформите во образованието, како и за оптимизацијата, рече дека не смее да се импровизира, и да се дава приоритети на партиски кадри во училиштата. Министерката Јаневска и одговори дека доколку изминатите години не се полнело образованието со луѓе на кои им било давано лажна надеж, немало да се доведе до ситуацијата каква што е денес.

 

Наташа Гркова Петрушевска