Сантос нов селектор на Португалија

23.09.2014 14:45

Фернандо Сантос ја превзема селекторската клупа на Португалија, која конечно го реши прашањето за чувствителната позиција. Екс предводникот на Грција доаѓа на местото на Паоло Бенто, кој доби отказ по поразот од Албанија на почетокот на новиот квалификациски циклус.

Иако се шпекулираше со неколку истакнати тренерски имиња, пред се со поранешниот шеф на Интер и на Манчестер Сити, Роберто Манчини, Португалците се решија за домашен кормилар кој потпиша двегодишен договор.

59 годишниот Сантос четири години ја водеше Грција со која загуби од Костарика на пенали во осминафиналето на последниот Мундијал во Бразил. На тој дуел португалецот од ФИФА доби црвен картон и суспензија од осум меѓународни натпревари.

Тој е еден од ретките стручњаци што во кариерата бил на чело на трите португалски гиганти, порто, Спортинг и Бенфика, а во Грција ги предводел  Аек и Паок.

Фернандо Сантос како селектор на Португалија треба да дебитира на пријателскиот натпревар со Франција на 11-ти октомври.