Скопје домаќин на првата Меѓународна безбедносна конференција
На конференцијата учествуваат експерти од Македонија, Швајцарија, Албанија, Финска, Катар, Чешка, Бугарија и Турција...

Скопје домаќин на првата Меѓународна безбедносна конференција, настан кој ќе ги собере клучните домашни и странски експерти за безбедност, политики, технологија и меѓународни односи. Целта на настанот е отворање на дискусија за новите безбедносни предизвици во период на брз технолошки развој, глобални геополитички промени, хибридни закани, економски ризици и последици од климатските промени. Особено внимание ќе биде посветено на улогата на вештачката интелигенција во сајбер-одбраната и современите конфликти, заштитата на критичната инфраструктура, регионалната соработка и јакнењето на институционалната отпорност.
На конференцијата учествуваат експерти од Македонија, Швајцарија, Албанија, Финска, Катар, Чешка, Бугарија и Турција.
