МВР со засилени контроли за санкционирање на возачи под дејство на алкохол и дрога
Како дел од акцијата, денеска на територијата на целата држава ќе биде реализиран 24-часовен сообраќаен маратон, со целосно засилено присуство на полициски патроли и интензивни контроли за откривање на ваков вид прекршоци...

Во периодот од 15 до 21 јуни, во рамки на европската акција на roadpol, Министерството за внатрешни работи, спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол или наркотични средства. Како дел од акцијата, денеска на територијата на целата држава ќе биде реализиран 24-часовен сообраќаен маратон, со целосно засилено присуство на полициски патроли и интензивни контроли за откривање на ваков вид прекршоци. Безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност.
Затоа апелираме до сите учесници во сообраќајот да не седнуваат зад волан доколку консумирале алкохол. Една неодговорна одлука може да има трајни последици, додека одговорното однесување спасува животи и придонесува за побезбедни патишта за сите,напоменуваат од МВР.
