Русија и Украина ги интензивираат нападите
На политички план, Европскиот совет ја потврди поддршката за Украина, повика на нови санкции против Русија и ја продолжи важноста на постојните мерки за уште една година, заедно со нова финансиска помош за Киев...

Русија и Украина ги интензивираат нападите во последните 24 часа, додека Москва се заканува со одмазда по украинскиот напад врз руската престолнина. Руската одбрана јавува за соборени 133 украински дронови над повеќе региони, додека Киев за повредени цивили по нападите врз Харков. На политички план, Европскиот совет ја потврди поддршката за Украина, повика на нови санкции против Русија и ја продолжи важноста на постојните мерки за уште една година, заедно со нова финансиска помош за Киев.
„Нашите напади со среден дострел сериозно ја нарушуваат руската воена логистика, но Путин не ја запира оваа војна. Тој инсистира да ја продолжи, па затоа притисокот мора да расте. Секој проект што ги поддржува украинските беспилотни летала и нашето производство на оружје во Украина и заедно со вас, со партнерите и секоја мерка за санкции против Русија за оваа војна. Сето тоа мора да расте“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
