Балканска хокеарска лига БАХЛ

Растат амбициите на ХК Металург, на помош доаѓаат Македонците од Словенија

23.09.2014 15:16

Најактивниот македонски хокеарски клуб Металург одново ќе настапува во Балканската хокеарска лига БАХЛ, сезонава со многу поголеми амбиции. Можеби првата сезона беше промотивна  во која единствениот наш претставник имаше можност да ги тестира можностите со конкурентите од Бугарија и од Грција, но втората дефинитивно влегува со многу поголеми амбиции . Како потврда за тоа е најавата на нови засилувања кои доаѓаат главно од Словенија, искусни играчи со македонско потекло, за кои во пресрет на новата сезона веќе се подготвува соответна документација.

Најактивниот македонски хокеарски клуб Металург одново ќе настапува во Балканската хокеарска лига БАХЛ, сезонава со многу поголеми амбиции. Можеби првата сезона беше промотивна  во која единствениот наш претставник имаше можност да ги тестира можностите со конкурентите од Бугарија и од Грција, но втората дефинитивно влегува со многу поголеми амбиции . Како потврда за тоа е најавата на нови засилувања кои доаѓаат главно од Словенија, искусни играчи со македонско потекло, за кои во пресрет на новата сезона веќе се подготвува соответна документација. Се работи за поранешни репрезентативци на Словенија во помлади категории што е гаранција за нивниот квалитет, и тоа одбрамбениот играч Роберт Циглинечки, како и тандемот напаѓачи Јуре Стопар и Игор Ангеловски. Сите тие треба да бидат носители на играта на Металург во БАХЛ настапите, но истовремено и да помогнат на младите хокеари кои веќе неколку години се “калат“ на лизгалиштето во СЦ “Борис Трајковски“ да се развијат во поквалитетни играчи.

Во план е нашиот најдобар клуб да ги игра домашните натпревари во Скопје, но само доколку се исполнат условите за тоа. Во спротивно одново Металург ќе биде принуден да биде “домаќин“ во Софија, каде што покрај дополнителните трошоци за патување и изнајмување на лизгалиште, љубителите на овој спорт би биле лишени од задоволството да следат натпревари во овој атрактивен спорт. Новата сезона ќе стартува на 10 октомври, а Металург првите мечеви треба да ги игра викендот на 24/25 октомври.