Волерс: САД не отстапуваат од македонскиот идентитет

23.09.2014 15:24

Американскиот амбасадор во заминување, Пол Волерс, денеска оцени дека изјавата на неговиот наследник Џес Бејли за постоењето на мнозинското словенско население во земјава, била погрешно пренесена од медиумите. САД не отстапуваат од македонскиот идентитет, нагласи Волерс.

Мислам дека ова беше една непотребна контроверзија, недоразбирање и резултат веројатно лошо известување за настаните, бидејќи амбасадорот не даде никакво известување за етникумите, туку едноставно одговори на прашање кое се однесуваше на Охридскиот рамковен договор, рече амбасадорот Волерс.