Поднесено обвинение против 25-годишник од Старо Нагоричане за четири убиства и два обиди за убиство
Основното јавно обвинителство Куманово поднесе обвинение против 25-годишен жител на Старо Нагоричане, осомничен за четири убиства и два обиди за убиство извршени во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година. Според обвинителството, делата биле сторени од ниски побуди, со цел задоволување на полови страсти врз мртви женски тела.

По завршување на истрагата, Основното јавно обвинителство Куманово поднесе обвинителен акт против 25-годишен жител на Старо Нагоричане за четири кривични дела убиство и два обиди за убиство.
Според обвинението, осомничениот во повеќе наврати напаѓал жени во селата Клечовце, Драгоманце, Челопек и Старо Нагоричане, при што четири жртви биле лишени од живот, а две успеале да се спасат. Од Обвинителството наведуваат дека делата ги извршувал со умисла и од ниски побуди.
Бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, на обвинетиот му се заканува казна затвор од најмалку десет години или доживотен затвор.
Јавниот обвинител до Основниот суд во Куманово доставил и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот до завршување на постапката.
