Македонија- дел од меѓународната коалиција против „Исламската држава“
Македонија е дел од меѓународната коалиција против Исламска држава, објави Стејт Департментот. Меѓу 50-те земји, ЕУ и НАТО, земјава според своите можности треба да помогне во опремување на ирачката војска во запирање на финансирањењто на калифатот, во спречување регрутирање на происламските борци. САД изутрината почнаа со нападите на позициите на Исламистите во Сирија...

Стејт департментот на 19 септември објави листа на која се наоѓаат 40 земји, НАТО и ЕУ, меѓу кои е и Македонија кои ја даваат својата подршка во борбата против екстремистите на Исламската држава.
Дел од стратегијата за уништување на џихадистите е воената подршка на ирачките партнери, запирање на протокот на странски борци, опремување на ирачките трупи, како и спречување на финансирање на оваа фракција.
Изутрината САД за прв пат извршија педесетина воздушни напади врз позициите наИсламската држава во Сирија. Главна цел на нападите е градот Рака. Медиумите јавуваат за десетина загинати и повредени екстремисти.
Во акцијата, во која се вклучени бомбардерите и ракети брод-земја има и воени сили на арапските земји. Пред почетокот на нападите Дамаск бил известен за акцијата.. Бран бегалци од Сирија ја заплисна границата со Турција.
„Ние само сакаме да бидеме на сигурно и да избегаме од монструмите кои убиваат невини луѓе“, изјави еден бегалец.
По вчерашното киднапирање на француски алпинист, францускиот министер за надворешни работи Лоренс Фабиус најави дека бомбардирањата врз екстремистите ќе продолжат.
„Заканите од оваа терористичка група се многу опасни. Во контакт сме со Алжирското мистерство и ќе сториме се да го ослободиме нашиот сонародник. Ситуацијата е крајно критична“, рече Фабиус.
На јутјуб е емитувано видео на Исламската држава со нов британски заложник, новинарот Џон Кентли којшто е киднапиран во 2012-та. Ситуацијата на Блискиот исток дополнително ја усложни израелското соборување на сириски МИГ со ракета земја воздух, кој според воени извори од Тел Авив го нарушил израелскиот воздушен простор.
Марија Петковска
