Посебен сообраќаен режим утре во Скопје
Поради одржување на јавен настан во Скопје, в сабота (20 јуни) од 18 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај на повеќе градски сообраќајници. Од СВР Скопје апелираат граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на 20 јуни (сабота) ќе воведе посебен режим на сообраќај поради одржување на јавен настан со почеток во 18:00 часот.
Според најавата, учесниците ќе се движат од Фонтана Лотус во Градскиот парк, по булеварот „Илинден“, потоа по улицата „Франклин Рузвелт“, булеварот „Партизански Одреди“, улицата „Васил Главинов“ и улицата „Димитрие Чуповски“, а настанот ќе заврши во паркот Жена Борец на улицата „11 Октомври“.
Од СВР Скопје информираат дека ќе бидат преземени мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот и апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите и упатствата на полициските службеници на трасата по која ќе се движи настанот.
