Јавна расправа

Законот за игри на среќа влезе во Собрание

19.06.2026 17:36

Владата предлага построги правила за приредувачите на игри на среќа, меѓу кои задолжителна оддалеченост од 500 метри од училиштата и забрани за рекламирање. Додека власта зборува за заштита на младите, бизнис-заедницата и индустријата предупредуваат на сериозни економски последици.

Законот за игри на среќа влезе во Собрание. Државата воведува низа забрани и ограничувања, како најважно, се предлага објектите да се оддалечени 500 метри од училиштата, со рестрикции за рекламирање и засилени механизми за контрола. Целта, според Владата е поголема заштита на граѓаните, особено на младите, во услови кога истражувањата предупредуваат на сè поголемо присуство на коцкање кај учениците.

Директорот на Државната лотарија, јавно се заложи државата да го задржи монополот врз организирањето игри на среќа на интернет.

Стопанската комора бара повлекување на предложениот Закон за игрите на среќа и предупредува на последици врз бизнис-секторот и економијата.

Предлог-законот за игри на среќа содржи уставоспорни одредби, реагираат асоцијациите на казината и спортските обложувалници.

Според реакциите, Законот би погодил 10 илјади вработени кој носи повеќе од 350 милиони евра буџетски приливи годишно.

Собранието претходно со 59 гласа „за“ и девет „против“ го поддржа Предлог-законот за игрите на среќа со кој се предвидуваат построги правила за работењето.

Законот воведува и забрана за рекламирање на излозите на објектите во кои се приредуваат игри на среќа, со кои коцкањето се претставува како начин за личен успех или финансиска добивка.

Борис Грујоски