Македонија

Антикорупциска ја претстави новата стратегија

19.06.2026 17:47

Новата Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси предвидува 113 мерки и 388 активности во повеќе ризични сектори. За нејзина реализација ќе бидат потребни дополнителни 3,5 милиони евра од државниот буџет во следните пет години.

Претседателот на Антикорупциската комисија на средба со спикерот на парламентот, Африм Гаши ја презентираше новата Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси за периодот од 2026 – 2030. Документот предвидува 113 мерки и 388 активности насочени кон намалување на корупциските ризици во клучни сектори.

Како што рече првиот човек на комисијата, Адем Чучуљ, стратегијата ги опфаќа јавните набавки, правосудството, транспортот, просторното и урбанистичкото планирање, здравството, животната средина и енергетиката.

Спикерот на парламентот рече дека ова е солиден документ кој предлага суштински мерки за поуспешна борба против корупцијата во македонското општество.

За спроведување на стратегијата ќе бидат потребни дополнителни 3,5 милиони евра од државниот буџет во петгодишниот период.

Игор Панов