ОЈО ГОКК
ОЈО ГОКК ја презеде истрагата за палењето на две возила на Бугарската амбасада во Скопје
19.06.2026 17:11
Според Обвинителството, истрагата покажала можни елементи на кривично дело „загрозување лица под меѓународна заштита“, бидејќи опожарените возила ги користеле военото аташе на Бугарија и други вработени во амбасадата.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја презеде истрагата за палењето на две возила на Бугарската амбасада во Скопје. Според Обвинителството, истрагата покажала можни елементи на кривично дело „загрозување лица под меѓународна заштита“, бидејќи опожарените возила ги користеле военото аташе на Бугарија и други вработени во амбасадата.
За осомничениот е побаран 30-дневен притвор наместо досегашните осум дена, а доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна согласно Кривичниот законик.
