Откажана најавената блокада на трите гранични премини меѓу Македонија и Бугарија
Одлуката ја соопшти фондацијата „Македонија“, откако шефицата на бугарската дипломатија Велислава Петрова-Чамова оцени дека блокадите би биле контрапродуктивни и би создале дополнителни тензии...

Откажани се најавените протести и блокади на трите гранични премини меѓу Бугарија и Македонија. Одлуката ја соопшти фондацијата „Македонија“, откако шефицата на бугарската дипломатија Велислава Петрова-Чамова оцени дека блокадите би биле контрапродуктивни и би создале дополнителни тензии. Бугарскиот амбасадор во Скопје, Жељазко Радуков, исто така повика да не се блокираат граничните премини и порача дека контактите меѓу граѓаните се најдобар одговор на омразата.
Најавата за протестите следеше по палењето на два автомобили на Бугарската амбасада во Скопје.
