Италија

Од заедничка фотографија до дипломатски судир

19.06.2026 19:20

Од заедничка фотографија до дипломатски судир. Изјавата на американскиот претседател дека италијанската премиерка го молела за заедничка фотографија на Г7, а тој прифатил само од сожалување“ предизвика остри реакции. Мелони упати порака-Италија никогаш не моли, а Тајани ја откажа официјалната посета на Вашингтон...

Една фотографија предизвика дипломатска бура меѓу Вашингтон и Рим. Американскиот претседател Трамп тврди дека италијанската премиерка Мелони го молела за заедничка фотографија на самитот на Г7, а тој се согласил само „од сожалување“. Реакцијата беше брза. Шефот на италијанската дипломатија Тајани ја откажа закажаната официјална посетата на сад.

„Сериозните и навредливи зборови на претседателот Трамп кон премиерката Мелони ја навредуваат цела Италија. Поради оваа причина, решив да ја откажам мојата посета на Соединетите држави планирана за 21 и 22 јуни“, изјави Антонио Тајани, министер за надворешни работи на Италија.

Мелони остро одговори на тврдењата на Трамп. Вели таквите изјави се целосно измислени.

„Одредени работи заслужуваат итен одговор. Искрено сум изненадена. Изјавите на Доналд Трамп се измислени. Не знам зошто претседателот на сад се однесува на овој начин кон своите сојузници. Не е прв пат ова да се случи. Можам само да кажам дека е штета што не покажува иста решителност кон непријателите на западот, кон непријателите на соединетите американски држави, кон лидерите со кои тој, е многу попустлив. Но, има едно нешто што мора да го запомни: Италија и јас никогаш не молиме“, изјави Џорџија Мелони, премиерка на Италија.

Шпанскиот премиер Санчез изрази солидарност со италијанската премиерка по навредата на Трамп.

„И приватно за време на советот на ЕУ ѝ ја изразив мојата солидарност за овој напад кој не е ниту политички, ниту личен, дури не знам ни како да го квалификувам“, изјави Педро Санчез, премиер на Шпанија.

Тензијата помеѓу Трамп и Мелони започна откако американскиот претседател ја критикуваше италијанската премиерка поради нејзиното противење на војната со Иран и на неговите напади врз папата лав четиринаесетти.

Катерина Бојаџиева