Хрватска пред банкрот
Хрватска е пред финансиски колапс – проценуваат економските експерти. Ќе успее ли земјата, да го избегне банкротот имајќи предвид дека и во вторототромесечје од годинава бележи пад од 0,8 насто, 11 квартали последоватолно. Претставници на Европската комисија ќе проверуваат како Хрватска ги спроведува реформите поради кусокот во државната каса. Хрватска мора сериозно да се зафати со проблемите на големата невработеност- сметаат од Европската комисија.

„Некои реформи веќе спроведовме, но не можеме се одеднаш, тоа е многу комплицирано“, рече Зоран Миловановиќ, премиер на Хрватска.
Граѓаните, но и државата се презадолжени. Според проценките повеќе од 15.000 граѓани не се во состојба да ги подмират кредитите и се пред личен банкрот. Дневно десетина семејства остануваат без дом, а 253.000 граѓани имаат блокирани сметки.
„Се надеваме дека кон средината на октомври ќе бидеме готови со пакетот измени. Каде ќе има кратење, тоа ќе го кажат моите колеги министри“, рече Борис Лаловиц, министер за финансии во хрватската влада.
Аналитичарите предвидуваат, во 2016-та земјата би можела да остане без пари за отплаќање на надворешниот долг. Економистите велат дека во тој случај Европската унија ќе го повтори грчкото и шпанското сценарио. Економистите, препорачуваат две сценарија за надминување на катастрофалната ситуација: фискални кратења и обезбедување на десет милијарди куни или девалвација на куната и репрограмирање на долгот
Марија Петковска