Македонија

ИЈЗ: Регистриран прв случај на зика вирусот во земјава, пациентот се заразил на Малдивите

20.06.2026 09:31

Заболениот на Малдиви престојувал од 20-ти до 28-ми мај. За време на престојот, пациентот потврдил дека бил каснат од комарец.

Македонски државјанин кој летувал на Mалдиви е позитивен на зика вирусот, информира Институтот за јавно здравје. Од таму посочуваат дека ова е прв регистриран случај на зика вирусна инфекција во Македонија.

Заболениот на Малдиви престојувал од 20-ти до 28-ми мај. За време на престојот, пациентот потврдил дека бил каснат од комарец.

Првите знаци на болеста се јавиле на 24-ти со треска, болки по телото- мускулите и зглобовите, лесно покачена температура, за подоцна по четири дена да се појави и ситен, густ осип.

Пациентот бил прегледан, а направени се и лабораториски испитувања. Согласно резултатите од микробиолошкото испитување, добиен е позитивен наод за зика вирусот, велат од ИЈЗ.