АМСМ

На ГП „Богородица“ и „Дојран“ се чека околу 40 минути за излез од државава

20.06.2026 09:58

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата изнесува околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.