Регион

Албанија и Македонија воведуваат „One Stop Shop“ на Ќафасан

20.06.2026 11:05

Со пуштањето на овој систем, како што деновиве информираа од македонската влада, се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе функционира со Србија и со Косово.

Албанската влада го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Република Македонија. Според одлуката, договорот има за цел создавање заеднички гранични премини меѓу двете земји и развивање координирани процедури за гранична контрола, со цел олеснување на движењето на патници и стоки, како и зајакнување на прекуграничната соработка, објави агенцијата АТА.

Со пуштањето на овој систем, како што деновиве информираа од македонската влада, се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе функционира со Србија и со Косово.

За целосна финализација останува да се потпише договор меѓу двете министерства за внатрешни работи.

Воведувањето на системот најпрво ќе започне на граничниот премин Ќафасан, а потоа ќе биде проширено и на останатите гранични премини со Албанија.