Штип

Дигитален мониторинг на водоводната мрежа

20.06.2026 14:26

Дотраена инфраструктура, дефекти, неисправни водомери и нелегални приклучоци се причина за големата загуба на вода во водоводните системи во најголем дел од општините. Штип го решава проблемот со обнова и со систем за дигитален мониторинг на водоводната мрежа.

Дотраената водоводна мрежа и дивите приклучоци се причина за загуба на над 60 насто од водата во водоводниот систем во Штип. За решавање на проблемот ЈП „Исар“ врши инсталација на таканаречен СКАДА систем за контрола, управување и мониторинг на водоводната мрежа и лоцирање на загубите на вода во реално време на осум пунктови. Инвестицијата е 36 милиони денари од унгарскиот кредит.

Загубите на вода во кочанската водоводна мрежа се над 70 насто. Градоначалникот вели дека околу една третина од цевките во системот се заменети, но загубите и понатаму се големи заради честите дефекти и големиот број диви приклучоци. Општината работи на обнова на водоводниот систем.

Минатата година ЈКП „Водовод“ Кочани има испорачано 5,9 милиони метри кубни вода, а фактурирани се само 1,4 милиони метри кубни.

Славица Величковска