Велешкиот стадион доби најсовремена тартан патека по светски стандарди
Велешките атлетичари, но и рекреативци добија современа тартан патека на градскиот стадион. Тоа е можност за спортување, но и дружење и социјален живот. Инвестицијата на Министерството за спрот е 20 милиони денари.

Градскиот стадион во Велес доби нова атлетска тартан патека. Таа е изработена според највисоки стандарди на Меѓународната атлетска федерација. Патеката беше промовирана со неформална трка на 100 метри за деца.
На патеката е поставена еластична спортска подлога, тартан. На 400 метри има шест ленти, додека на патеката од 100 метри има осум ленти. Инвестицијата е 20 милиони денари од Министерството за спорт.
Патеката опфаќа површина од 4.700 м2, а 3.900 м2 се на кружен облик а 800 м2 е зад голот за други атлетски дисциплини, скок во далечина, во височина и скок со стап. Поради пластичната трева на стадионот, не може да се одржуваат фрлачките атлетски дисциплини, фрлање ѓуле, копје кладиво.
Градоначалникот на Велес апелираше велешани совесно да ја користат наменски, да не ја уништуваат како што се случи со претходната патека. Таа беше изградена од ЈНА за тогашните Сеармиски спортски игри, кои се одржаа во Велес 1979 година, кога беше изграден и Градскиот базен.
Петар Печков
