Политика

До крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на владата

20.06.2026 13:26

Премиерот Мицкоски ги продолжува разговорите за реконструкција на владата. Најавена и втора фаза промени на локално ниво и ажурирање на членството.

Вчера со ВРЕДИ, денеска со ЗНАМ, премиерот Мицкоски ги продолжува разговорите за реконструкција на владата. Сè уште не ги открива имињата. Најави и втора фаза промени на локално ниво и ажурирање на членството.

Според социјалдемократите, пак, најавената владина реконструкција била козметичка операција и обиди за мачкање очи на јавноста.

Известува Борис Грујоски