Повредени десет лица, две потешко

Тешка сообраќајка на патот Куманово – Свети Николе

20.06.2026 15:12

Две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а уште осум се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, кога патничко комбе удрило во паркирано товарно возило.

Две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а уште осум се повредени во сообраќајна несреќа што вчера околу 20:55 часот се случила на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во атарот на Овче Поле.

Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале патничко комбе „Фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот М.Т. од Свети Николе и паркирано товарно возило „МАН“ со светиниколски регистарски ознаки.

Со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките Л.П.(53) и М.М.(33), двете од Свети Николе. Останатите осум патници се здобиле со телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Кочани, а причините за несреќата се утврдуваат.