Шкендија – Вардар осминафинално дерби!
Модерниот фудбал не признава замор и пренатрпан распоред, па ритамот среда – недела е вообичан во речиси сите европски конкуренции. Во македонскиот фудбал тоа е само повремена ситуација кога на програмата се и куп натпреварите. Во осминафиналето коешто ќе се одигра во два меча, од прволигашите не е само ланскиот финалист Металург којшто во првото коло беше елиминиран од Победа Јуниор.

Извлекувањето за осминафиналето, беше немилосрдно кон Шкендија и Вардар коишто покрај првенствените имаат високи амбиции и во купот. Пред две сезони Шкендија, којашто ги загуби двата досегашни меча за трофејот, ги елиминираше црвено – црните во полуфиналето и тоа поради гостинскиот гол на реваншот. Во Тетово беше 0:0, во Скопје 1:1. И сега распоредот е таков, вардарци коишто се рекордери со пет пехари, ќе ја имаат предноста на домашниот терен во вториот натпревар на 14 октомври.
Преносот Шкеднија – Вардар ќе биде на МРТ собранискиот сервис во 15 часот и 30 минути. Утре уште ќе играат и Гостивар – Ренова, Пелистер против актуелниот освојувач Работнички, потоа Силекс – Еуромилк, Победа Јуниор – Дрита, Турново – Брегалница, Шкупи – Тетекс и Кожуф – Напредок.