Смирувањето на кризата носи економски оптимизам, се очекуваат поевтини горива и стабилни цени
По договорот и намалените тензии на Блискиот Исток, Владата очекува стабилизација на цените на енергенсите, пониска инфлација и намалување на трошоците за граѓаните, додека најавува и засилени контроли врз трговците.

Стабилизација на цените на нафтените деривати по смирување на кризата на Блискиот Исток, најавува владата. Со намалувањето на геополитичките тензии, светскиот нафтен пазар се очекува да влезе во постабилен период.
Премиерот очекува да се стабилизира инфлацијата, по мирот на Блискиот Исток. Од понеделник со новата одлука на Регулаторна, премиерот очекува бензинот да поевтини за околу 4 денари по литар, а дизелот за околу 7 денари.
Владата најави и десеткратно поголеми казни за маркетите и фирмите кои нема да ги намалат цените на храната. Премиерот Мицкоски следната недела ќе свика нов состанок со трговските ланци, дистрибутерите, добавувачите и производителите, да пријавуваат нефер трговски практики за да може државата да интервенира.
Во однос на инфлацијата, Мицкоски рече дека имаме една од најниските во регионот, а стабилизирање очекува по смирувањето на кризата на Блискиот Исток и состаноците што ќе ги има со компаниите.
Борис Грујоски
