Свет
Продолжуваат руските напади во Украина, Киев возвраќа со беспилотни летала
21.06.2026 11:32
Претседателот Зеленски ја предупреди Белорусија за вклучувањето во војната на Русија откако биле идентификувани станици кои им помагаат на руските сили да извршат напади со дронови.

Русија ги продолжи нападите врз неколку украински региони и во изминатото деноноќие. Има жртви и повредени. Киев возвраќа со беспилотни летала.
Претседателот Зеленски ја предупреди Белорусија за вклучувањето во војната на Русија откако биле идентификувани станици кои им помагаат на руските сили да извршат напади со дронови.
Украинскиот лидер тврди дека Москва веќе има вистински дипломатски предлози на маса, но продолжува да избира војна.
