Вонредна состојба во Боливија, војската ги отстранува блокадите на патиштата
Претседателот Родриго Паз вчера и даде широки овластувања на војската да ги отстрани блокадите на патиштата што придонесоа за застои во снабдувањето со гориво и храна.

Боливискиот воен персонал почна со расчистување на пристапните патишта до главниот град Ла Паз, по претседателска наредба издадена врз основа на декретот за вонредна состојба во земјата.
Претседателот Родриго Паз вчера и даде широки овластувања на војската да ги отстрани блокадите на патиштата што придонесоа за застои во снабдувањето со гориво и храна.
Во Боливија, изминатите пет недели се одржуваа масовни демонстрации на кои граѓаните бараа претседателот да се повлече поради мерките за штедење, вклучително и откажувањето на субвенциите за гориво.
Протестите резултираа со жртви и десетици повредени.
