„Купи куќа, купи стан“ продолжува!

23.09.2014 16:32

Проценките на Министерството за финансии се дека субвенциите кои се даваат преку овој проект на семејствата им заштедиле и по 14.000 евра...

Проектот „Купи куќа, купи стан“ ќе продолжи и во наредната 2015 година. Проценките на Министерството за финансии се дека субвенциите кои се даваат преку овој проект на семејствата им заштедиле и по 14.000 евра. За кредит од 50 илјади евра, месечната рата во првите три години е 301,7 евра, со проектот грагѓаните плаќаат само 150,85.   Остатокот е на товар на државата.

 

Купи куќа, купи стан  -  Кредит од 50.000 евра

Месечната рата за првите три години- 301,7 евра

150,85 евра плаќаат граѓаните

150,85 евра плаќа  државата

 

Од неодамна се намалија и каматите за кредитот од проектот „Купи куќа, купи стан“. Сега стапката од 3,95 проценти за првите три години и 4,44 проценти за четвртата и петтата година се меѓу најниските на пазарот.

За оние пак на кои им треба помош за учество се субвенционира половина, односно 75 проценти од учеството, во зависност од тоа дали се купува стан или куќа.

Преку проектот досега 331 семејство го реши своето станбеното прашање.

Поголемиот дел од поднесените барања преку проектот „Купи куќа, купи стан“ се за купување стан, а помалиот, речиси 50-тина се за купување куќа. Со подобрувањето на условите се очекува и оваа бројка да се зголеми.

 

Дијана Ценевска