Ментално здравје

Анксиозноста станува секојдневие за многу средношколци

21.06.2026 17:34

Брзиот начин на живот, притисокот од околината и влијанието на социјалните мрежи сè почесто предизвикуваат психолошки проблеми кај младите. Стручњаците апелираат симптомите да не се игнорираат и навреме да се побара помош.

Паничните напади, анксиозноста и депресивното расположение се почеста слика меѓу средношколците. Брзото темпо на живот, лажните вести на домашните и странски интернет портали и социјални мрежи негативно се одразуваат на средношколците.

Училишниот психолог Марија Младеновска нагласува дека младите сè почесто бараат психолошка помош за надминување на кризите. Додека, стручната психијатриска помош сè уште се стигматизира, д-р Даниела Трајковска апелира, младите да не ги игнорираат симптомите на психичка вознемиреност и навреме да побараат стручна помош.

Родителите и наставниците да ги слушаат децата, да разговараат и соработуваат со нив во насока на побрзо и безболно надминување на состојбите, апелираат психијатрите.

Ружица Аџикотарева-Ѓоршевска