Почна летото

Најдолгиот ден во годината донесе предупредување за жешко лето

21.06.2026 13:37

Со повеќе од 15 часа дневна светлина, денеска и официјално започна летото. Температурите растат, брзата помош бележи повеќе повици за колапси, а европските метеоролози предупредуваат на лето со рекордна топлина.

Официјално започна летото на северната полутопка. Денеска е најдолгиот ден во годината, на некои места над 15 часа. Високите температури почнаа и пред официјалниот почеток на летото. Од Управата за хидрометереолошки работи велат дека нè очекува топло време со температури до 38 степени.

Времето веќе предизвикува и здравствени проблеми. До брзата помош има зголемен број на повици за колапси поради нагли температурни разлики. Докторите советуваат да се внимава на симптомите како главоболка, замор, исцрпеност, срцебиење, нестабилен притисок, вртоглавици.

Метеоролозите со предупредувачка прогноза за Европа, летото ќе донесе рекордна топлина на стариот континент.

 

Ирина Гелевска