Железница

Градскиот воз привремено го стопира патничкиот железнички сообраќај

21.06.2026 16:19

Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за градскиот воз, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола. Ова се прави со цел да се завршат побрзо градежните работи на потегот меѓу железничките станици Скопје и Зелениково.

Градскиот воз го стопира патничкиот железнички сообраќај во наредните десет дена. Инфраструктура и Транспорт донеле вакво решение за да се завршат побрзо градежните работи на потегот меѓу железничките станици Скопје и Зелениково.

За МТВ, помошничката-директор на Инфраструктура, Бикоска, објаснува дека поради високите температури работите на шините ќе се изведуваат рано наутро и попладне.

Граѓаните кои секојдневно користат железнички транспорт, вели Бикоска, треба да имаат трпение бидејќи се очекува до средината на јули да се заврши со овој потег, а од септември и редовно да сообраќа. Теретниот сообраќај, вели Бикоска, се одвива непречено, што не е случај со патничкиот, кој бара посебни услови.

Според планираното, од есен ќе почнат работите за Градскиот воз на релациите Волково-Скопје и Миладиновци-Скопје. Од населените места до железничките станици ќе се усогласат автобускиот и друг јавен превоз со градскиот воз.

Фиљана Кока