ОЈО ГОКК

Обезбедени уште четворица осомничени во случајот „ФФМ“

21.06.2026 16:48

Со истрагата се опфатени вкупно 18 лица и 8 фирми, меѓу нив има и управители и сопственици на фирми. Се товарат за проневера во службата и перење пари.

Обезбедени уште четири лица што беа недостапни за органите на прогонот за случајот со Фудбалската федерација, информираат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Двајца се изведени пред судија на претходна постапка. За еден од нив е  определена мерка притвор а за вториот осомничен, мерки за обезбедување. Останатите две лица ќе бидат сослушани од страна на судија на претходна постапка утре во скопскиот Кривичен суд.

Со истрагата се опфатени вкупно 18 лица и 8 фирми, меѓу нив има и управители и сопственици на фирми. Се товарат за проневера во службата и перење пари.

Обвинителството наведува дека двајцата поранешни претседатели на федерацијата, Илчо Ѓорѓиоски и Муамед Сејдини заедно со раководителката за финансии присвоиле 180 милиони денари преку сомнителни исплати и фиктивни фактури. Потпишале 728 исплати без соодветна документација и тоа на штета на ФФМ.