Утре е второто електронско пријавување од јунскиот рок за полуматурантите
По електронската апликација, учениците во среда ќе треба да ја достават потребната документација во училиштата...

Утре е второто електронско пријавување од јунскиот рок за полуматурантите, што во првиот пријавен рок не се запишаа во средно образование. По електронската апликација, учениците во среда ќе треба да ја достават потребната документација во училиштата.
Ранг-листата со резултатите од запишувањето ќе биде објавена ден потоа. Доколку во некои училишта има повеќе кандидати со ист број бодови, квалификациското тестирање ќе се одржи на 29 јуни, кога ќе бидат објавени и конечните ранг-листи. Има вкупно 11 илјади 882 слободни места.
На првото пријавување, електронски аплицирале нешто повеќе од 15 илјади ученици, од кои запишани се над 13 илјади ученици.
