САД и сојузниците ги нападнаа позициите на ИДИЛ во Сирија
Дожд од челик на сирискиот фронт. САД и пет арапски земји сојузнички ги почнаа првите воздушни удари врз цели на Исламска Држава, соопшти американскиот контраадмирал Џон Кирби. Брзо по проширувањето на воената кампања од Ирак во Сирија, се обрати претседателот на САД Обама.
„Коалицијата што ја нападна ИДИЛ во Сирија е доказ дека оваа борба не е само на Америка. Ќе ја однесеме борбата кај терористичката група“, рече претседателот на САД, Барак Обама.

Воени авиони, беспилотни летала и проектили „томахавк“ истураат оган врз упориштето на ИДИЛ, Рака. Убиени се 70-тина милитанти, а уништени се повеќе постројки. ИДИЛ најави одмазда, пред се обвинувајќи ја Саудиска Арабија, која заедно со Бахреин, Катар, Емиратите и Јордан и се придружија на американската централна команда.
„Реакцијата против ИДИЛ мора да биде брза, а ние бевме брзи. Мило ми е што претседателот Обама го осмисли ова многу разумно“, изјави Абдул Втори, крал на Јордан.
Претседателот на Русија Путин во разговор со генералниот секретар на ОН се спротивставил на американските воздушни напади во Сирија, пред да даде одобрение официјален Дамаск.
„Секој обид да се остварат сопствените геополитички цели кршејќи ја сувереноста на регионот само ќе ги ескалира тензиите и ќе ја дестабилизира ситуацијата“, оцени Александар Лукашевич, портпарол на руското МНР.
Сирискиот режим денеска даде зелено светло за „сите меѓународни напори“ во борбата против џихадистите на Исламска Држава и Фронтот ал Нусра, но тоа беше отфрлено од Германија, која одбива какви било „дилови“ со претседателот Асад.
Истовремено кога почнаа нападите, џихадистите ја објавија втората снимка од британскиот заложник, новинарот Џон Кантли, на кого му се закануваат со обезглавување. Во неа тој вели дека „западните влади биле фатени на спиење“ и „сегашните акции ја потценуваат борбената подготвеност на противникот“, споредувајќи ги со Виетнам.
Ивана Салтировска