Колумбија

Абелардо Де Ла Есприела е нов претседател на Колумбија

22.06.2026 12:02

Есприела, поддржан од американскиот претседател Трамп, најави зајакнување на безбедноста, проширување на енергетиката и намалување на даноците, додека аналитичарите предупредуваат на политички и економски предизвици.

Крајнодесничарскиот кандидат Абелардо Де Ла Есприела е нов претседател на Колумбија, по тесна победа во вториот круг со помалку од еден процент разлика наспроти Иван Сепеда. Неговиот ривал заедно со претседателот Густаво Петро повикаа на чекање на официјална потврда и најавија можни жалби.

Есприела, поддржан од американскиот претседател Трамп, најави зајакнување на безбедноста, проширување на енергетиката и намалување на даноците, додека аналитичарите предупредуваат на политички и економски предизвици.

„Од овој момент па натаму, изборната кампања завршува; слоганите завршуваат; поделбите завршуваат; политичките конфронтации завршуваат – и започнува врвниот час за служење на татковината. Го замолив претседателот Густаво и неговиот наследник да ја почитуваат волјата на колумбискиот народ“, изјави Абелардо де ла Есприела – претседателски кандидат.

„Откако ќе заврши пребројувањето на гласовите и ќе бидат објавени конечните резултати, како и ќе бидат извршени потребните проверки, ќе го признаеме официјалниот резултат од тоа пребројување на гласовите“, изјави Иван Сепеда – претседателски кандидат.