Повредени и исчезнати по силна експлозија и пожар во индустриска зона во Катар
22.06.2026 14:35
54 лица се повредени, а 18 се водат за исчезнати по силна експлозија и пожар во индустриската зона Рас Лафаан...

54 лица се повредени, а 18 се водат за исчезнати по силна експлозија и пожар во индустриската зона Рас Лафаан во Катар. Инцидентот се случил при стартување на операции во гасна постројка, а пожарот е ставен под контрола.
Акцијата за пребарување и спасување е во тек. „Катар Енерџи“ соопшти дека станува збор за технички инцидент, а властите наведуваат дека нема опасност за јавната безбедност.
Истрагата е во тек.
