Европа е погодена од топлотен бран
Во Франција е во сила црвен аларм со можен нов топлотен рекорд, Германија издаде предупредувања за целата земја и ризик од грмотевици, додека во Италија температурите до 37°C веќе создаваат проблеми во сообраќајот и туризмот.

Европа е погодена од екстремен топлотен бран со температури над 40°C, кој зафати голем дел од континентот. Во Франција е во сила црвен аларм со можен нов топлотен рекорд, Германија издаде предупредувања за целата земја и ризик од грмотевици, додека во Италија температурите до 37°C веќе создаваат проблеми во сообраќајот и туризмот.
Слични услови има и во Полска, додека експертите предупредуваат дека ваквите горештини стануваат сè почести поради климатските промени.
„На оваа жештина ова е единствениот начин да се забавувате додека излегувате, водата е совршена и среќни сме што можеме да пливаме“, изјави Николас Круз - жител на Париз, Франција.
„Се снаоѓам! Како поинаку? Малку сенка, малку дома, со вентилатори и ќе издржиме“, изјави жена од Риети, Италија.
